Курир: Студентски пленум не постои, Студентски пленум е СДММ

Пулени на СОРОС и СДСМ протестираа како студенти. Низ социјалните мрежи и Интернет медиумите деновиве се појавија фотографии од студенсткиот протест, кои само го потврдија сомнежот за тоа кој ги организира истите и кој ги манипулира студентите. Дел од нив коментираат дека Студентскиот пленум не постои, односно протестите се поттикнати од високи фунционери на СДММ, кои пак се директно координирани од високи фунционери на опозицијата предводена од СДСМ.

fffff

Високи функционери на Социјалдемократската младина на Македонија, беа во првите редови на толпата која ги предводеше студентите. Протестот против концепт кој не се планирал, ниту ќе се случи, беше организиран од СДММ, координирани со истакнати членови на СДСМ. На фотографиите од социјалните мрежи евидентирано е нивното присуство на протестот, па незадоволството наместо изманипулираните студенти го покажуваа и тие- нивните професори.

Како што веќе е познато, ниту актуелните студенти, ниту професорите воопшто не се дел од новиот концепт со кој треба да се подигне квалитетот на нивното образование.

Претседателскиот кандидат и поранешен министер на СДСМ, Љубомир Фрчкоски може да се забележи на протестот на студентите. Дека луѓе од опозицијата и полугата на СОРОС се вклучени во манипулацијата на студентите околу државниот испит покажуваат и фотографиите од протестите на кои може да се забележат млади активисти од СДСМ.

Освен опозициската партија, поттикнувач и силен поддржувач на овие протести беше и СОРОС. Нивните пулени, кои ги изнесуваат на улица за секој можен протест во државава, иако не се ни сегашни ни идни студенти, во нивно име протестираа и сега. Освен оние за кои се пишуваше изминативе денови, фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат присуство на повеќе луѓе блиски до СДСМ и опозициски функционери.

Алек Гочев е момчето кое протестираше и со земјоделците и со стечајците, протестираше против екстерно со средношколците, а се вклучи и во толпата на студентите. Поради ова станува јасно дека неговото присуство нема за цел тој да го искаже незадоволството од одредени мерки, туку само да направи бројност во протести организирани од СДСМ.

alekalek

alekalek2222

Дека е тоа така, доказ се и огромниот број на фотографии од него со разни функционери на СДСМ.

alekalek33

alekalekkkkkk

Како еден од организаторите на протестот беше спомнат „Студентски пленум“ кој беше наречен неформална студентска организација. Нејзиниот челник со интервју во опозициските медиуми, се обиде повторно да ја изманипулира јавноста упорно користејќи го терминот „Екстерно тестирање“ иако државата неколку пати посочи дека станува збор за „Државен испит“.

Членовите на оваа организација и се познати на јавноста од активностите на младината на СДСМ. Не загрижени студенти, туку млади социјалдемократи. Тоа е „Студентски пленум“. Меѓу нив е и Борис Илиоски, кој може да се забележи во првите редови на студентските протести. Токму Илиевски може да се забележи на низа протести на СДСМ за време на таканречениот “отпор против режимот“, како и на фотографии со Бранко Црвенковски, коментирајќи дека тој е “сенката на претседателот“. Покрај Илиоски, на коментарите кои кружат на социјалните мрежи, може да се видат и други активисти на подмладокот на СДСМ.

boris thumb medium500 238

bbborisss

Бојан Матовски е уште едно момче кое навидим загрижен за студентите излезе на протест. Но тој веќе е познат и по други протести. Матовски, заедно со Гочев, беа организатори на АМАН протестите за поскапување на струјата.

bojanmatooovskiii

BBBBBBBBBBBBBB

Гордан Шутаров е секретар на ЛК СДММ-Карпош. Фотографиран со своите идоли од СДММ и СДСМ, јасно е од кого овој човек е поттикнат да протестира за екстерно тестирање, кое воопшто не е ниту планирано ниту ќе се случи.

sut1

suuttttt

И МОФ си ја даде себеси улогата на организатор на протестите. Како што е познато, Младинскиот образовен форум е организација на СОРОС и од таму црпи суми на финансиски средства. Од таму станува јасно зшто членовите на МОФ излегоа да протестираат кога воопшто не се засегнати од новата реформа која важи за идни студенти, кои ќе полагаат државен испит во 2017 и 2019-та година.

 Додека државата подготвува државен испит за кој се вели дека концептот е за зголемување на квалитетот во високото образование, опозицијата дезинформира со таканаречено екстерно тестирање.

Единтвената цел на испитот кој е детално образложен е дека студентите ќе го полагаат истиот за да се стави крај на незаслужените високи оцени и да се зголеми квалитетот на високото образование.  Разликата меѓу екстерно тестирање и државен испит е огромна. Екстерното е за проверка на професорите, а државниот испит е за обезбедување на минимум знаење на студентите. За да се помине државниот испит студентот не мора да ја потврди оцената која веќе ја добил, туку да покаже знаење барем за најниската прелазна оцена, односно 6-ка. Исто така, не е вистина дека ако студентот не го положи државниот испит, ќе изгуби година, оцена или услов, туку државниот испит може да го полага неограничен број на пати, се додека не го положи.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 13:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега