Доаѓа зимата: Од вечерва температури длабоко во минус и врнежи од снег

Во Македонија во понеделник по студеното и магловито утро, во доцните попладневни и вечерните часови во крајнните источни, североисточни и југоисточни предели со услови за слаб дожд, а над 1000 метри со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -4°C до 1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6°C односно до 14°C.

Во Скопје ќе дува умерен северозападен ветер. Максиамлната дневна температура до 11°C.

Студено и понекаде магловито утро не очекува и во вторник, со ниски утрински температури кои ќе се движат во интервал од -5°C до 0°C. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне зголемување на облачноста. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 4°C до 12°C.

Во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно. Повремени сончеви периоди се очекуваат во источнинте, североисточните и југоисточните предели. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 5°C до 13°C.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта над 1300 метри со услови за слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер.  Утринските температури од -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.

Облачно со услови за слаби врнежи од дожд и ветровито ќе биде во петок. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°C до 7°C, а максималните дневни температури од 5°C до 13°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во сабота во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и во текот на целиот ден. Преку ден ќе биде претежно. Слаб светер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 2°C до 9°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 6°C до 14°C. 

Магла ќе има и во вечерните часови.

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи во поголем дел од денот. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер, а во западните предели слаб западен и југозападен ветер. Утринските температури од 3°C до 10°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7°C односно до 15°C.

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега