Волшебните раце против Дауновиот синдром: Скопјанката Елизабета прави вистиснки ремек дела

Во скромната девојчинска соба во малиот приземен стан во скопската населба Хиподром, Елизабета Петковска (44), жена со Даунов синдром, ги создава своите мали ремек-дела од конец и мониста. Плетењето, како што вели самата, е она што најмногу сака да го прави и во кое ја вложува сета своја љубов. Претворајќи ги разнобојните конци во плетени ѓердани, прекривки за маса, милјеа со прекрасни мотиви и декорирани украси за коса, Бети го исполнува слободното време, но и ги развеселува најблиските и пријателите, бидејќи многу сака и да подарува. Нејзините ракотворби што претходно ги имавме видено на нејзината ФБ-страница во живо изгледаат уште повпечатливо. 

Уште како девојче имала вешти раце

Кога заѕвонивме на вратата, Бети нѐ пречека со срамежлива насмевка, но по кратко време се опушти и со гордост ни ги покажуваше своите изработки уредно наредени на масата и по софите во дневната соба.
Дека Бети има вешти раце, нејзините родители откриле уште кога била девојче.
- Јас не знам да плетам, но затоа пак мајка ми, бабата на Бети, плете многу убаво. Таа ѝ даде игла и конец в раце уште кога беше малечка. Прво почна да плете милјеа, кои на времето беа многу модерни, а има сплетено и подарено многу работи - вели мајка ѝ Мирјана Петковска.

Бети неколкупати им плетела чеиз на сосетките и на нејзината помлада сестра.
- Неодамна многу ја израдува и внуката подарувајќи ѝ прекрасно бело коланче со плетени рози и бисери за нејзиниот роденден - вели Мирјана. 

За своите прекрасни креации Бети се инспирира од ракотворбите што ги наоѓа на Интернет, особено за разнобојните ѓердани со плетени рози, кои ги изработува со голем мерак и кои се вистински магнет за нејзините пријателки и познанички.

Целата сторија за жената со волшебни раце прочитајтеја во Нова Македонија

 

 

Оцени ја веста

24.11.2014 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега