Тетовчанец со пиштол нападнал надзорник од затворот во Идризово

Тетовчанец си заработи кривична пријава поради обид за убиство.

Се работи за 30-годишниот  Л.К. од Тетово  кој на улицата „Вукашин Симовски“, додека  38-годишниот надзорник од затворот во Идризово З.Ѓ.  излегувал од неговиот дом, го нападнал додека се возел со своето патничко возило откако при возењето Л.К. извадил пиштол кој го поседува без одобрение испукал неколку куршуми кон надзорникот.

Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 48 часа.