ФОТО: Доаѓа нов влажен бран - какво ќе биде времето неделава?

Во источните делови на Македонија времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните претежно облачно со повремен локален дожд, особено кон крајот на денот. 

Од управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 6 до 12 степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла, а повремен локален дожд ќе има утре и во петок претпладне.

Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува од недела попладне.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега