До април се е бепсплатно: Неверојатна новогодишна понуда од VIP

Од денес, Вип ја започнува сезоната на Новогодишни изненадувања за своите корисници. Корисницте кои од денес па до 31 јануари 2015 ќе склучат нов или ќе го  обноват својот постпејд претплатнички договор на 24 месеци, ќе може максимално да уживаат во новогодишните празници бидејќи сега, со Вип Постпејд, нема да плаќаат ниту месечни претплати ниту пак рати за посакуваниот паметен телефон се до април 2015та год.

При тоа корисниците ги добиваат сите предности што им ги нуди избраниот тарифен модел а можат да одберат било која од стандрадните постпејд тарифи или пак промотивниот Vip 666 тарифен модел  со кој добиваат неограничен минути и СМС пораки кон сите мрежи и 6GB интернет сообракај.

- И овие празници, Вип им ги разубавува на своите корисници. Ние ги слушаме потребите на корисниците и им излегуваме во пресрет во текот на новогодишните празници кога трошиме повеќе. Затоа, сакаме да им понудиме посебен подарок оваа година и да ги растовариме од трошоците за мобилни услуги или за нови паметни телефони, овозможувајќи им бесплатни претплати и одложено плаќање на ратите до пролет. Се разбира на корисниците ќе им понудиме и паметни телефони за 0 денари. Кога зборуваме за “бесплатно” , навистина го мислиме тоа – корисниците ќе добиваат сметки од 0 денари освен ако користат роаминг, услуги со додадена вредност, паркинг или слично. Со ова, сакаме да им овозможиме на корисниците да можат да им подарат навистина убави нешта на своите најблиски. И со нашето ветување “Повеќе за вас” навистина докажуваме дека целосно се грижиме за нашите корисници, изјави  Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

Корисниците кои ќе ја одберат понудата „Без месечна претплата до пролет“, добиваат одлична можност да го купат и телефонот што го сакаат на 24 рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со NLB Тутунска банка, со одложено плаќање до 1 април 2015г. Бизнис корисниците, со Новогодишната понуда на Вип, освен што ќе добијат бесплатни претплати до крајот на март 2015 година,  добиваат и дополнителни бизнис бенефиции.

Повеќе информации за Вип и оваа понуда, корисниците можат да добијат со јавување на контакт центарот на Вип на 077 1234 или пак на веб страницата на Вип www.vip.mk

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега