Министерство за одбрана со сочувство за трагедијата во Злетово - случајот ќе го испитува Комисија

Министерството за одбрана на Република Македонија, по повод вчерашниот трагичен настан кој вклучува и професионален војник во служба на АРМ, изразува длабоко жалење и искрено сочувство до семејствата на починатите.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија формираа Kомисија со цел да се испита дали се почитувани правилата, процедурите и елаборатите за упатување на стража, употреба на лично вооружување, располагање со муниција и да се провери дали имало пропусти во примената на овие правила. Воедно Комисијата ќе има задача да даде препораки за подобрување на постојните правилници и процедури со цел да се оневозможат вакви немили настани во иднина.

-Укажуваме дека огромниот дел од припадниците на Армијата на Република Македонија високо професионално си ги вршат своите поставени задачи. Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија ќе преземат соодветни мерки во насока на превенција за спечување на ваквите појави, велат од министерството.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега