Топено сирење
- 400 гр фета сирење
- 250 гр чадена сланина
- 400 гр млечен кашкавал
- 5 лажици доматно пире
- 5 лажици благо млеко
- малку буковец
- Најпрво релната се уклучува на најсилна температура (кај мене е 300 степени) и додека се загрева се почнува со редење на сирењето. Најдобро е кога се топи во земјен сад, јас го правев во поголема земјена тава а може и во малечки за секого поединечно. Најдолу се става фета сирењето. Со виљушка убаво се распределува по целото дно на тавата. Врз него се става 5 лажици благо млеко и 5 лажици доматно пире (или домашна салца, домата). Над нив се реди сланината претходно исечена на коцки и пропржена на малку масло. И врз неа доаѓа рендан кашкавал. Убаво е кашкавалот да е ајдамер или по ваш избор мешани млечни кашкавали. Врз кашкавалот се посолува букова сол и се става на печење. Се пече 15-тина мин и потоа јас уклучувам опција на релната печење со вентилатор и печам уште 5 мин за да се добие златно жолта коричка.
Мои рецепти
Оцени ја веста
26.11.2014 - 16:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа