ЛШ: Атлетико оди понатаму, Ливерпул ги задржа шансите

 

Шампионот од Ла Лига Атлетико Мадрид ќе игра во понатамошната фаза од ЛШ откако вчера успеа да слави над Олимпијакос со 4:0. Јувентус пак по триумфот над Марибор со 2:0 веќе со едната нога е во фазата на елиминации.

Премиерлигашот Ливерпул одигра нерешено во Софија со Лудогорец и ќе брка победа против директниот конкурент во последното коло од Б групата каде максимални пет победи досега забележа европскиот првак Реал.

Три екипи ќе се борат за првите две места во Ц групата, додека во групата Д неизвесно е кој ќе биде прв, а кој втор, додека Андерлехт обезбеди трета позиција и учество во Еврокупот.

Резултати на синоќешните натпревари од 5.коло во Лигата на шампионите и табели во групите А, Б, Ц и Д:

А група:  Атлетико Мадрид – Олимпијакос 4:0 и Малме – Јувентус 0:2.
Табела: Атлетико Мадрид 12 бодови, Јувентус 9, Олимпијакос 6, Малме 3.

Б група: Базел - Реал Мадрид 0:1 и Лудогорец – Ливерпул 2:2.
Табела: Реал Мадрид 15, Базел 6, Ливерпул 4, Лудогорец 4.

Ц група: Зенит – Бенфика 1:0 и Баер Леверкузен – Монако 0:1.
Табела: Баер 9, Монако 8, Зенит 7, Бенфика 4.

Д група: Арсенал – Борусија Дортмунд 2:0  и Андерлехт – Галатасарај 2:0.
Табела: Борусија Д. 12, Арсенал 10, Андерлехт 5, Галатасарај 1.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега