Македонија на 103. место на ФИФА листата

 

На најновата ранг листа на ФИФА, нашата фудбалска репрезентација се најде на 103 место со 340 бодови, а главна причина за тоа е поразот од Словачка од 0:2 во рамки на квалификациите за ЕП 2016.

Што се однесува до селекциите од нашата квалификациска група, Шпанија е деветта со напредок од една позиција, Словачка е на 21.место, со напредок од три позиции, додека Украина се наоѓа на 26.место со пад од седум позиции.

Белорусија се наоѓа две места пред Македонија, на 101.позиција, а Луксембург е рангиран на 129.место на ФИФА-листата.

На врвот од оваа листа е светскиот првак Германија, пред Аргентина и Колумбија. Во првата „десетка“ се уште и селекциите на Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега