Меси го сруши рекордот на Раул
Лионел Меси го собори рекордот на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Раул Гонзалес во Лигата на шампиони.
Аргентинецот во натпреварот со АПОЕЛ постигна три гола и така дојде до бројот од 74 погодоци во елитното натпреварување.
Меѓутоа, десетката на Барселона е по мечот во Никозија нагласи дека триумфот е поважен од рекордот.
„Прекрасно е што го престигнав Раул, но бодовите се поважни. Среќен сум бидејќи соборив ваков рекорд, но најважно е што освоивме три нови поени“, вели Меси.
„Барса играше брилијантно. Ќе се трудиме да продолжиме на овој пат“, изјави Меси кој со Барса на 10 декември ќе го вгости Пари Сен Жермен шампионот на Франција кој исто така обезбеди пласаман во осминафиналето.
„Ќе биде тешко. Веќе игравме во Париз и ривалот победи. Тие се одличен тим, растат, стануваат посилни, но и ние ќе се потрудиме да бидеме први во групата“, изјави Меси, а пренесуваат страднските медиуми.
„Светците“ во моментов имаат 13, а Барса бод помалку. Ајакс има два, а АПОЕЛ само еден бод.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа