Српско-турската интернет војна за Марко Ивковиќ

 

Српски хакери утринава хакирале над 200 турски сајтови како знак на убиство на навивачот на Црвена Звезда, Марко Ивковиќ минатата недела.

На секој од нив стои порака дека тоа го направиле српски хакери и дека датумот 22 ноември никогаш нема да се заборави.

"Терористи, убивате српски деца! Нема да поминете неказнети! Ве чекаме во Белград, крв ќе се лие, одмазда ќе има", стои на секој од хакираните сајтови.

Марко Ивковиќ беше убиен на 21 ноември во Истанбул пред арената "Абди Ипекчи" каде се играше натпреварот Галатасарај-Црвена Звезда.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега