Гинекологија: Мајка и нејзината 14 годишна ќерка се породиле во ист ден

Мајка од нејзината 14 годишна ќерка се породиле заедно. Интересна приказна пренесуваат бугарските медиуми од гинеколошката клиника во Пловдив.
14 годишната ќерка го родила своето прво дете, само еден час пред нејзината 31 годишна мајка да ја донесе на свет својата 4 рожба.
Докторите во болницата во Пловдив велат дека поминало времето кога пораѓањето пред 14 години го сметале за сеназција. Според нив, ромската популација во овој град ги следи традициите и често се решава на брак и деца уште на стартот од тинејџерските години.
Докторката Диана Аргирова од породилиштето во Пловдив за бугарските медиуми вели дека водела случај во кој 14 годишно девојче од ромска наиционалност во нејзината болница го родила своето второ дете.
Според бугарската статистика, годинава кај источниот сосед се родиле 835 бебиња од малолетни мајки.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега