Руската амбасада со протестна нота до црногорското Министерство за надворешни работи

 

 

„Министерството за надворешни работи и европски интеграции на 19-ти ноември доби нота од амбасадата на Русија во врска со плакатите на кои се наоѓаат антируски содржини и побараа дополнителни информации“, изјавиле од црногорското МНР.

„Тие на никој начин не ги одразуваат вредностите и приоритетите на нашата надворешна и внатрешна политика. Русија ја сметаме за пријателска и партнерска земја со која сакаме да ги продолжиме традиционално добрите и содржајни односи“, порачале од црногорското министерство.

За билбордите кои се нашле во центарот на Подгорица се уште никој не презел одговорност, а од маркетиншката компанија „Метрополис медиа“ не сакале да откријат кои ги нарачал рекламите.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега