Кризата продолжува, Грците со помалку пари за Божиќ

Економската криза во Грција продолжува и граѓаните ќе имаат помалку пари за божиќни подароци во споредба со минатата година, покажуваат резултатите од истражувањето на консултантската компанија „Делоит“ за куповната моќ на европските потрошувачи за овогодинешните божиќни празници, пишува весникот „Вима“, пренесува МИА.

Грчките потрошувачи планираат да потрошат 406 евра за Божик, што е намалување на буџетот за 12,5 проценти во однос на реалните трошоци што тие ги направиле за Божиќ минатата година. 

Според истражувањето, европските потрошувачи во просек планираат да потрошат 488 евра низ продавниците за Божиќ, што е само три отсто помалку од реалните трошоци направени за Божиќ минатата година. 

Грците планираат да потрошат 163 евра за храна, 162 евра за подароци и 81 евро за социјални активности. 

Во Европа како најчест подарок за пријатели и роднини за Божиќ годинава се книгите.

Потрошувачката активност се очекува да започне на 1 декември, додека 90 проценти од испитаниците планираат божиќните купувања да ги направат кон средината на месецот

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега