ФОТО: Пратеничката Ласовска ги сослуша проблемите на граѓаните

 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска денеска беше во посета и оствари средби со граѓаните на Општина Лозово. Граѓаните од Општина Лозово пред пратеничката Ласовска имаа можност да ги истакнат реалните проблеми со кои се соочуваат како и да дадат своите предлози и сугестии.

 Ласовска истакна дека ова е добра можност граѓаните од Лозово без да патуваат во Свети Николе каде што е пратеничката канцеларија, да остварат дирекна средба со неа како претставник на законодавниот дом и додаде дека целта на овие средби е пратениците да бидат подостапни за граѓаните.

 - Да се слушне гласот на што поголем број граѓани и во овие средини каде што немаме пратеничи канцеларии, да се разберат и да им се помогне во нивните потреби и проблеми е начин на работа на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше  Ласовска.

             Помошната канцеларија на пратеничката Ласовска во изминатите месеци ја посетија голем број граѓани од општина Лозово. Граѓаните овие средби ги користат и да се информираат за проектите кои се во тек.  

             - Јас сум земјоделец и сакам да се информирам за можноста за обработка на државното земјоделско земјиште кое се уште не е дадено под концесија во атарот на нашето село, истакна Стојан Пешевски од село Каратманово.  

            Градоначалникот на Општина Лозово Орце Цветковски е задоволен  што постои канцеларија на пратеникот во неговата општина.

            - Континуираното присуството на пратеничката во нашата општина, покрај граѓаните, придобивка има и локалната самоуправа. Ние дирекно ја запознаваме пратеничката со нашите локални проблеми и е во постојано следење на состојбите, каде подоцна преку нејзината позиција на пратеник може да ги изнесе на повисоко институционално ниво за нивно решавање, истакна градоначалникот Цветковски.

 

               Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период посетија повеќе од 408 населени места низ целата држава. Голем дел од вчерашните пратенички прашања се како резултат на овие директни средби со граѓаните.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега