Од ноќеска значително пониски цени на бензините

 

Новите малопродажни цени на горивата се објавени, вечерва на полноќ бензинот и дизелот поевтинуваат. Новата цена на  ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе биде пониска за 4.50 денари по литар и ќе се продаваат по цена од 78 односно 79.50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 3.50 денари, и литар дизел ќе се продава за цена од 67 денари за литар.

Ова е прво позначително намалување на цените на горивата во изминатиов период. Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени, цените на горивата се намалуваат во просек за 5.33%.

 

најчитано сега