ФОТО: Еве зошто беше прекинат мечот меѓу Тотенхен и Партизан

 

Фудбалерите на Тотенхем и Партизан дури три пати мораа да го прекинат дуелот во Лигата на Евроа поради упад на навивачи на теренот, а некои фанови на премиерлигашкиот тим се одлучија и да го овековечат овој момент.

На големата неодговорност на чуварите на редот кумуваа неколку навивачи кои излегоа на теренот на „Вајт Харт Лејн“ а еден од нив дури искористи и прилика да се слика со офанзивецот на Тотенхем Ерик Ламела кој и не беше презадоволен што играта толку често беше прекинувана.

Судијата Арановски од украина се одлучи двете екипи да ги повлече од теренот на пет минути, а со разгласот стигна и опомена од официјалниот спикер дека наредниот упад ќе биде ригорозно казнет. Моменталниот резултат меѓу двете екипи по првиот дел беше 0:0.

Интересно е тоа што сите три навивачи носеа иста маица на која беше напишано името на една компанија, така што веќе низ социјалните мрежи оваа акција ја сватија како еден вид на реклама на „БасБада“ која ги произведува слушалките, а инаку е спонзор на Тотенхем.

 

 

Оцени ја веста

29.11.2014 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега