ФОТО: Геце ја продава копачката со која даде гол во финалето на Мундијалот
Фудбалерот на Баерн Минхен Марио Геце од хумани причини ја продава копачката со која го постигна победоносниот гол во продолжението против Аргентина од финалето на Светксото првенство во Бразил, со кој на Германија ѝ ја донесе шампионската титула.
„Никогаш не сум ја испрал копачката. Сѐ уште е во иста состојба во која беше и во Рио, кога го напуштив стадионот со неа. Сѐ уште има трева на неа, не ја облеков воопшто потоа и ја чувам на сигурно место во мојот дом“, изјави Геце.
Парите кои ќе ги добие за копачката, која е од компанијата „Најк“, тој ќе ги подари на германската добротворна организација „Срце за децата“.
„Многу пати досега ме прашуваа да ја продадам. Спонзори, други компании и пријатели. Оној што ќе даде најголема донација за ‘Срце за децата’ во седумте дена пред ТВ-шоуто, ќе ја добие мојата копачка“, објасни Геце.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа