ВИДЕО: Фосилни остатоци од носорог откриени во македонско село
На истиот локалитет пред седум години македонскиот палеонтолог Ристо Гаревски откопа череп од жирафа, што беше првиот откопан череп на жирафа на тлото на Европа.
- Со откопувањето на коските од носорог во Делчевско ги завршуваме научните истражувања за оваа година. Во наредниот период се надеваме дека нашата институција ќе добие повеќе средства за работа, изјави Ивица Здравков од Природно-научниот музеј на Република Македонија.
- Среќен сум што моите претпоставки за наоѓалиштето на фосилни остатоци од праисторискиот период во околината на село Стамер добија верификација од Природно-научниот музеј на Република Македонија, изјави Љубе Митевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа