ВМРО ДПМНЕ ги повика СДСМ да го објават тоа што го имаат

ВМРО-ДПМНЕ го повикува раководството на СДСМ „да објави во јавноста доколку воопшто нешто има“.

- Свесни дека и денес како и веќе два месеца наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на СДСМ, трет пат во последните две недели, слободно да објави што има, доколку воопшто нешто има, наместо верглања во место како што практикуваат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, единствени два збора кои постојано ги слушаме од СДСМ се бомба и стратегија.

- Поучени од искуството досега и начинот како функционираат, знаеме дека ќе реагираат дека сме нервозни, но јавноста гледа дека денес единствено СДСМ е нервозна откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази. Веројатно и денес ќе кажат дека ќе објават согласно нивната стратегија. Но површноста, инаетот, манипулациите и празното силење и да се наречат стратегија никогаш нема да се стратегија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението. 

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега