Скопјанец се забавувал пукајќи низ скопските улици
Скопјанец синоќа се забавувал пукајќи со пиштол од возило во движење.
Инцидентот се случил вчера во 15 часот и 40 минути на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје.
Непознат сторител пукал од огнено оружје, а еден проектил завршил во куќата на 41-годишниот О.М., при што насилникот го оштетил кровот на скопјанецот.
Полицијата трага по сторителот.