Македонија ќе учествува на филмски фестивал во Доха

Од денеска до 6 декември во Доха, Катар, ќе се одржува  вториот Ajyal Youth Film Festival, на кој Македонија ќе биде претставена од двајца членови во жирито - 15-годишната Ана Татабитовска и 20-годишната Драгана Манасова, волонтери на „Џифони Македонија“.

- Фестивалот е замислен како шестдневен настан со цел да инспирира креативна интеракција меѓу младите од целиот свет кои ќе бидат дел од ова фестивалско доживување. Фестивалот ќе претстави селекција од најдобрите филмски остварувања наменети за младите генерации, кои воедно ќе добијат шанса да бидат дел од одлучувачкото жири кое ќе ги награди најдобрите филмови на фестивалот, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија. 

Во Доха утре и задутре ќе се одржи и првиот Doha Giffoni Youth Media самит на тема: „Филмските фестивали во медиумското доба“, на кој  ќе се обратат  Клаудио Губитози, директор на „Giffoni Experience“, и директорите на филмски центри и филмски фестивали од светот. Ќе се обрати и директорот на Агенцијата за филм на РМ Дарко Башески, на тема: „Буџет и спонзорства“.

- Целта на самитот е да  се оформи структурата и принципите на мултинационалниот орган задолжен за управување и промоција на културните настани за деца и млади во добата на нови медиуми и социјални мрежи, соопшти Агенцијата за филм. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега