ФОТО: Македонските ѕвезди ја подигнаа свеста - поддршка за лицата со ХИВ

Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни по повод 1 декември – Светскиот ден на СИДА-та организираше добротворна аукција на дела насликани од јавните личности, за кои се надаваат присутните како и личности од јавниот живот. Од аукцијата се собраа 115.100 денари кои се наменети за поддршка на луѓе што живеат со ХИВ во Македонија.

„Собраните средства се навистина значајни за луѓето кои што живеат со ХИВ. Затоа благодарноста е голема за јавните и популарни личности кои излегоа во пресрет на нашата иницијата и дадоа искрено гледање и пренесување на пораките против предрасудите, отфрленоста и маргилизираноста на луѓето кои не се различни од нас, а потребна им е нашата помош. Нивниот придонес во овој настан и влијанието во формирањето и менувањето на мислењата во јавноста по одредени прашања, се покажа како исклучително продуктивно и корисно“, изјави Андреј Сених, Извршен директор на Заедно посилни.

На познатите личности им беше дадена задача да го насликаат своето доживување на една зададените теми: Предрасуда и отфрленост, Како го замислувам животот со ХИВ денес? Како го замислувам лекот за ХИВ? Со свои авторски дела на аукцијата учествуваа Тамара Тодевска, Кристина Арнаудова, Дани Димитровска, Лила Филиповска, Коста Петров, Дарко Лешоски, Бетмен Велит, Виктор Апостоловски, Влатко Лозаноски и кошаркарките од женскиот кошаркарски клуб ЛОТОС.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега