„Стоп за родовото и семејното насилство“

Во рамките на меѓународната кампања „16 дена активизам против родовото и семејното насилство“, женската граѓанска иницијатива Антико во соработка со студентите на Институтот за родови студии,  од денеска до 5 декември, ќе реализираат низа работилници и дебати со млади луѓе под мотото: „СТОП за родовото и семејното насилство!“.

Целта на овие работилници е фокусирана на подигнување на свеста кај младите луѓе за деструктивноста која родовото и семејното насилство ја предизвикува врз жртвите и нивните семејства и врз општеството генерално, препознавање на корените на насилствата кои се длабоко всадени во половата нееднаквост, како и запознавање со механизмите за заштита и превенција од овој вид насилство.

Темите кои ќе бидат обработени особен акцент ќе стават и на прашањето што е тоа што младите можат да го преземат во однос на превенцијата и заштитата од родовото и семејното насилство и на кој начин младинскиот активизам може да придонесе кон изградба на заедница во која е искоренето ова насилство.

Со работилниците ќе бидат опфатени повеќе од 150 учесници, студенти од факултетите во Скопје и ученици oд пет средни и основни училишта, на возраст од 13 до 25 години. Со цел пренесување на пораката и до пошироката јавност, ќе бидат поделени и информативни и едукативни материјали на повеќе локации во Скопје и Македонија.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега