Извештајот за отсуствата на пратениците ќе се разгледува утре

Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања утре во 11 часот ќе одржи седница со една точка на дневниот ред Разгледување на извештајот за редовност на пратениците на седниците на Собранието на Република Македонија во периодот од 10 мај до 10 ноември 2014 година. 

Комисијата ќе заседава согласно членот 59 од Деловникот на Собранието и согласно членот 65 од Уставот на Република Македонија. 

Доколку биде усвоен предлог-заклучок на утрешната седница на Комисијата, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски треба да го стави на дневен ред на првата наредна седница. 

Пред две недели на координативната средба во Собранието, генералниот секретар Жарко Денковски го достави извештајот за отсуствата на пратениците, по што Комисијата за мандатно имунитетни прашања беше задолжена да предложи заклучок.  

Во работата на Собранието не учествуваат 31 пратеник од опозицијата.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега