ФОТО: Латас и уредниците ја пресекоа тортата - Сител прослави 20 години

Знакот кој 1994-та влезе во домовите денеска прерасна во бренд број еден. 17 Септември  е денот кога  на малите екрани се појави сигналот на уште еден национален медиум. Сител ја стартуваше експерименталната програма тогаш , а првата информативна емисија ја емитуваше на денешен ден пред точно 20 години, презентирана од Лидија Чолак. Стартот со екипа која ветува многу даде резулчтат. Доајените на тогашната телевизиска и филмска продукција меѓу кои и Лазе Паковски, Венцислав Војдановски, Зоран Предиќ, Стеван Ацевски, Горјан Стојков ги удрија темелите на кои подоцна се градеше кулата наречена Сител. Многу имиња, многу познати медиумски ликови кариерата ја градеа токму на оваа фрекфенција.

Дваесет години Сител се менуваше, но секогаш според потребите на гледачите. Засекогаш запаметени остануваат Сител бамбини, Профил, Дневна соба, Спортското студио на Бошко Трпевски. Големи настани, преноси, телевиски проекти кои оставиле печат во македонската медиумска историја. Сето ова стои во биографијата на националниот медиум.

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега