Заменик претседателот на Виетнам во посета на Македонија

Претседатеот Ѓорге Иванов денеска ќе биде домаќин на заменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам Нгујен Ти Зоан, која ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

По официјалната церемонија на пречек, шефот на државата ќе има тет-а-тет средба со Зоан, а делегации на двете држави ќе одржат пленарен состанок.

Зоан ќе има средба и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски.

Повод за посетата е продлабочување на соработката во областите од заеднички интерес меѓу двете држави, како и искористувањето на сите можности за зајакната економска соработка.

- Република Македонија продолжува да има одговорна и активна надворешна политика, политика на отвореност кон сите, која е комплементарна со европската и евроатланската интеграција на нашата држава. Унапредувајќи ги старите, градиме и нови пријателства со државите во светот, во интерес на македонските граѓани, велат за МИА од Кабинетот на претседателот.

Импулс во севкупните односи меѓу двете држави даде официјалната, прва од осамостојувањето, посета на министерот за надворешни работи Никола Попоски, во ноември 2012 година на Виетнам, што беше можност за презентирање на Република Македонија во регион во кој сме речиси непознати, посебно како можна бизнис дестинација и трговски партнер. Како резултат на оваа активност, следува официјалната посета на Република Македонија на заменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам. 

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега