Му забил нож во вратот па го ограбил

Уште еден хорор ја потресе Србија. Шеесет и две годишниот старец Тима Обренов е пронајден мртов во неделата вечерта во неговата куќа во близина на Панчево. Полицијата не можела да направи увид на лице место бидејќи во куќата на старецот немало струја.

Убиениот живеел сам, имал повреди од нож на вратот, а во куќата повеќе од видливи биле трагите од грабежот.

- Мислевме дека е луд. Речиси цел живот живееше сам, немаше ни жена ни деца, а со неговите роднини многу ретко комуницираше, изјавила негова соседка.

Соселаните на убениот Тима велат дека се сомневаат во тоа дека убиецот е исто така нивен соселанец, кој има дебело полициско досие и кој веќе бил во затвор поради убиство.

- Никој никогаш не влегуваше кај него во куќата, а не знам ни како убиецот успеал да влезе преку големата ограда, рекол тој.

Увидот е во тек, се уште не е познато колкава материјална штета предизвикал крадецот, утврдено е само дека Тима бил убиен со нож на спиење.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега