Од денеска Македонците возат најевтини горива оваа година
Цената по која од денеска го купуваме горивото за нашите автомобили е најниската во оваа година. НАлвањето на нцената на нафтата на светските берзи ја намали и малопродажната цена на нафтените деривати во земјава.
Годинава стартуваше со цени од 77,5 денари за литар безоловен бензин од 95 октани и 68,5 денари за литар дизел. Највисоките цени се регистрирани во јуни, кога литар бензин се продаваше по 83 денари, а дизелот за 70 денари за литар.
Во моментов литар бензин се точи за 70 денари литар, додека еден литар дизел е 60 денари.
Во проценти, за 12 месеци, цената на бензинот се намалила за 9,67% додека на дизелот за 12,4%.
Од највисоката цена во јуни, декемвриската на бензинот е пониска за 15,6%, додека на дизелот за 14,3%.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа