На агенциите не им плаќајте долг за заостанати сметки

Многу граѓани деновиве добиваат решенија од нотар и од агенции дека должат за заостанати сметки. Зошто тоа секогаш се случува пред Нова година и како да постапат граѓаните по нив се главните прашања на кои одговара адвокатот Николчо Лазаров. Тој предупредува на неколку ситуации во кои граѓаните може да реагираат за долгот за кој се товарат. Особено, вели адвокатот, граѓаните треба да внимаваат на датумите. Граѓаните се жалат дека им стигаат нотарски решенија за наплата на долг без претходно да се известени дека се води постапка против нив. Дали ова значи дека се ставени пред свршен чин?

- Во основа, јавните претпријатија со доставата на месечните сметки за комуналии, доколку има заостанат долг, даваат опомена во форма на известување за тоа. Оваа опомена е составен дел од сметката или, пак, како додаток на посебен лист, но ретко кој тоа го забележува. Затоа сметките треба внимателно да се прочитаат и да се провери нивната содржина. Инаку, опомена како правен институт не постои, туку тоа е само добра желба,повик и потсетување до должниците да го платат долгот, но во никој случај нема обврзувачко дејство. Уште помалку, пак, опомената претставува „пресудена работа“ од причини што тоа не значи с` уште институционално започнување на постапката. Затоа граѓаните може сами да одлучат, согласно со своите финансиски можности, дали ќе постапат по опомената или ќе чекаат да почне законска постапка за наплата на заостанатиот долг.

 

Надлежни органи за водење на постапката се прво, нотарите, а доколку има приговор, тогаш судовите и на крајот извршителите, кои дефинитивно го наплатуваат долгот. Во оваа постапка должниците си имаат свои можности да реагираат на одредени работи

Сите совети на адвокатот прочитајте ги во Дневник

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега