Карванот на Саеми за вработување во Битола - досега над 160 вработувања

 

Караванот на Саеми за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија, во четврток продолжува во Битола. 

- На организиран начин ќе дојде до средба на работодавците кои имаат потреба од ангажирање работници и на лицата коишто бараат работа, невработени лица или лица коишто се вработени а амбицираат да се вработат на друга работна позиција и ќе биде добра можност да ги разменат своите видувања и своите идеи, работодавците да ги претстават профилите на работен кадар којшто им е потребен  за ангажирање во работен однос, а лицата коишто бараат работа да увидат дали тие согласно своето образование и своите вештини можат да влезат во рамките на тој профил на работен кадар којшто се побарува од страна на работодавачите, посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во рамките на саемот за вработување се одржи и средба на претставници од институциите со претставници на работодавците од градот Битола  и ќе слушнати нивните идеи, предизвици и предлози како и нивните погледи во однос на димензионирање на новиот оперативен план за активни мерки и вработувања, кој че стапи на сила од 2015 година.

- Имајќи во предвид дека има уште добар дел од лицата околу 2.000 ќе бидат повикани на дополнителни интервјуа и имајќи во предвид дека треба допрва да се обработат иподатоците од Саемите во Струмица и Охрид, цениме дека тој број ќе расте, што е добра вест и дава гаранција дека оваа форма на организација на средби помеѓу работодавачи и работници ја има погодено својата цел и остварува позитивни резултати, истакна Ѓорѓиев.

До крајот на годината ќе биде одржан и Саем за вработување во Куманово.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега