Воена отштета во програмата на новата косовска влада

 

 

Новата влада на Косово нема да го условува дијалогот со признавање на суверенитетот, пишува „Коха диторе“, но ќе бара, меѓу другото и воена отштета по разни основи и дел од богатството на поранешната заедничка држава. 

Владата, според весникот, наместо залагање за признавање на независноста, ќе остане силно ангажирана за целосна нормализација на односите со Србија и продолжување на дијалогот.

Во нацрт програмата на косовската влада се наведува посветеност за спроведување на сите договори со Белград, како и отворање нови теми. 

Владата, исто така, ќе се ангажира и процесот за нормализирање на меѓудржавните односи да има јасни параметри со рокови кои ќе бидат одредени, со цел да се избегнат бескрајни преговори во  триото Приштина-Брисел-Белград.

Во однос на дијалогот со Белград, во програмата на новата косовска влада високо на листа на приоритети е прашањето за воспоставување меѓународна граница меѓу двете држави, како и да се прекине мешање на Србија во сфери на Косово кои не се дел од дијалогот.

Меѓу останатите теми се и меѓудржавна соработка во сфери од интерес, вклучително воздушниот транспорт, воена отштета по разни основи, прашањето за исчезнати лица и враќање на раселеното население.

Според „Коха диторе“ во програмата се наведува и обврската за враќање на експонатите и документацијата за културно наследство што Србија ги има земено од Косово, враќање на филмовите од Косовофилм, како и пензинско-инвалидскот фонд за косовски граѓани.

Програмата се однесува и на пашањето за сукцесија, каде се бара дел од „богатството“ на поранешна Југославија и меѓународниот долг на Косово, но и одреден број дипломатско-конзуларни објекти.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега