Утре во сите ЈЗУ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи

Во сите јавни здравствени установи утре кога ќе се спроведува есенската акција „Ден на дрвото“ редовно ќе се извршуваат закажаните прегледи и интервенции соопштуваат од Министерството за здравство.

Во соопштението е наведено дека сите закажани прегледи во специјалистичко-консултативните амбуланти, во кабинетите за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени.

По анализата на податоците од електронскиот систем Мој термин, утврдено е дека за утре се веќе закажани околу 10.000 пациенти во редовен термин за преглед и над 100 хируршки интервенции. Во интерес на пациентите е прегледите да бидат извршени во денот кога се закажани, со цел на пациентите навремено да им биде пружена потребната здравствена услуга.

Останатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини ќе се приклучат на акцијата „Ден на дрвото“ и овој ден дополнително ќе го одработат, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика, стои во соопштението.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега