Поевтиниот бензин ќе ја размрда економијата

 

Поевтинувањето на енергенсите во целина треба позитивно да влијае врз економијата, врз фирмите и врз стандардот на населението, анализира Утрински весник.
Што се однесува до влијанието врз буџетските приходи, пак, крајниот ефект ќе зависи што ќе биде доминантно – намалувањето на приходите од данокот на додадена вредност од дериватите, или зголемените приходи од поголемата економска активност на фирмите и поголемите трошења на граѓаните. Ова, генерално, е заклучокот на економистите за тоа како поевтината нафта на светскиот пазар ќе се одрази врз македонската економија, но и врз полнење на државната каса. Од друга страна, и покрај помалите трошоци за фирмите, тоа засега малку се забележува врз цените на крајните производи. 

 

„Не се намалуваат приходите од акцизи, бидејќи тие се пресметуваат во фиксен износ, туку само по основ на ДДВ, бидејќи овој данок сега се пресметува на помала даночна основа“, вели даночниот експерт Славко Лазовски. Иако ДДВ-то сега ќе се пресметува на помал износ, Лазовски не очекува поголеми осцилации и кај овие приходи, бидејќи регулаторите сепак внимателно ги намалуваат цените на дериватите. 

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега