Иванов ќе ги прими учениците со посебни потреби во „Вила Македонија“

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп - 3 декември, претседателот Ѓорге Иванов заедно со своето семејство денеска во резиденцијата „Вила Македонија“ ќе ги прими учениците со посебни образовни потреби од ПОУ „Св. Климент Охридски“ од општина Ново Село.

Семејството Иванови, заедно со учениците од ПОУ „Св. Климент Охридски“, по повод годинешната акција „Ден на дрвото“ ќе засадат садници во дворот на Вила Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега