Активно расте бројот на вработувања во зоните
Со завршувањето на ноември годинава, бројките покажуваат дека извозот од зоните надминува една милијарда евра. Конечните бројќи ќе ги имаме наскоро. Тоа значи дека сме на добар пат да го оствариме она што беше проектирано минатата година, дека оваа година ќе имаме за 50% поголем извоз од ТИРЗ во споредба со минатата година, вели во разговор за Лидер, директорот на Диракцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Виктор Мизо.
Истовремено, веќе се гледа и на терен дека имаме градежни активности кои се поврзани со некои од компаниите кои донесоа позитивни одлуки, пред се тоа е компанијата Диатек. Технохозе го завршува својот втор производствен капацитет, односно четирикратното проширување на својот производствен погон.
Мизо објаснува дека во Кичево и во Струга активно се работи на двете зони. И компанијата КСС и ОДВ Електрик ги адаптираат производните локации кадешто на почетокот ќе започнат со трендинг и обука, а потоа ќе ги префрлат во зоните во овие два града. Веќе се избрани градежни компании и во двата случаи. Компанијата Техникал Текстил веќе го гради својот објект, а објави и оглас за вработување. Тоа значи дека крајот на оваа или почетокот на идната година веќе ќе започнат со регрутирање на менаџерските тимови и потоа, кадрите ќе одат на обука во Словачка.
Она што е важно е дека во моментов сме во завршни преговори со неколку компании. Дел од нив би се лоцирале во Скопје, а дел во другите слободни економски зони, кадешто досега не сме имале инвеститори, наглсува првиот човек на индустриските зони во земјава.
Мизо вели дека со крајот на оваа година ќе имаме бројка од 3.500 вработувања од страна на сите компании. Идната година се очекува оваа бројка да има драстично зголемување, бидејќи голем број компании кои започнале или ќе започнат со градба, пред крајот на идната година ќе функционираат.
Динамиката е тешко да се предивиди, но јас сметам дека овие компании ќе вработат минимум 1.000 луѓе идната година. Но, ако гледаме веќе а 2016-та или 2017-та година, вклучувајќи ја и компанијата Веибо, тогаш ќе имаме драстично зголемување на бројот на вработувања во зоните. Според податоците на оние компании кои веќе донесле одлука за инвестирање, оваа бројка ќе изнесува дополнители 7.000 до 8.000 вработувања, ако не и повеќе од тоа, додава Мизо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа