Ова е најскапиот фудбалер во македонското првенство

 

Играчот на Вардар од дефанзивните редови Горан Попов, стана најскапиот платен играч во Македонија по неговото враќање во домашниот шампионат.

Левиот бек на „црвено-црните“ според Трансфермаркт“ е тежол 1,32 милиони фунти. Оваа сума е со најголема пазарна вредност од кој било друг фудбалер во макеонското првенство. 

Според истиот портал, ова не е сумата која што ја Попов ја достигнал во својата кариера. Тој за време на трансфер позајмицата од Динамо Киев во Вест Бромвич Албион, во 2012 година вредеше 3,53 милиони фунти.

Веднаш зад Попов со вредност на фудбалскиот трансфер пазар е Бобан Грнчаров чија тежина се вреднува на 528 илјади фунти. Грнчаров исто така игра за Вардар. 

На третото место на оваа листа е Дарко Велковски во Работнички, кој според „трансфермаркт“ вреди 440 илјади фунти, а исто толку вредат Арменд Алими од Шкендија и голманот на Металург Андреа Ефремов.

Топ 10 најскапи фудбалери во домашното првенство:

fudbaleri-vrednosti-500

Што се однесува до тимската вредност, Вардар во моментов според цената на играчите вреди 6,36 милиони фунти, следува Шкендија со 4,88, па Работнички со 4 милиони фунти.

Вредноста на македонските фудбалски клубови:

liga-vrednost-500

Вкупната вредност на македонската Прва лига според „Трансфермаркт“ изнесува 33,2 милиони фунти.

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега