Јанакиески: Ден на дрвото добра акција за заштитата на животната средина

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска засади дрвца во населбата „Ново Лисиче“ во рамки на 14. акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“.

- Денеска во населбата во која живеам, во Ново Лисиче, засадив неколку дрва. Ова е една добра акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина и да се засадат  што  е можно поголем број  дрва, изјави Јанакиески.

Со денешната акција, укажа, се предвидува да се засадат  пет милиони садници и во урбаните и во руралните средини, а исто така  и во заштитниот појас на автопатиштата на  Република Македонија. 

Мотото на акцијата годинава е „Стоп за катастрофите“. Планираните пет милиони дрвца  треба бидат засадени на површина од 1.107 хектари. Главен акцент на пошумувањето ќе биде ставен на голи и опожарени површини.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.12.2014 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега