ВИДЕО: Нема да верувате како Фејсбук не шпионира
На овие десет начини Фејсбук секојдневно не шпионира!
Јутјуб каналот AllTime10s открива 10 најчести начини на кои најпопуларната мрежа не шпионира и дознава речиси се` за нас. Некогаш за тоа сме сами виновни бидејќи дозволуваме пристап до многу опции, а некогаш Фејсбук не изненадува со своите „механизми“. Сепак, едно е сигурно – Фејсбук знае многу повеќе отколку што мислиме.
Еве како Фејсбук не шпионира:
– Преку Music and TV identifications опцијата (ги „чита“ позадинските звуци примени преку микрофон)
– Преку Nearby Friends опцијата (го следи нашето движење и движењето на нашите пријатели)
– Според пријавите на сајтовите (се логираме на секакви сајтови преку својата Фејсбук сметка)
– Пркеу Messenger (Facebook Messenger ги следи речиси СИТЕ активности на телефонот)
– Преку Contact Sync опциите (Фејсбук тогаш ги знае сите контакти од нашиот телефон)
– Мрежата знае кога чекаме бебе (преку честитки и хаштаг ознаки)
– Messenger го знае и ова: во која положба го користиме телефонот, што пишуваме, колку долго…
– Преку „тајни експерименти“ (на тоа сме се согласиле сами, Фејсбук ги спроведува спорадично)
– Преку DeepFace опцијата (го препознава нашето лице со точност од 98 проценти!)
– Преку лајкови (Фејсбук знае дали се дрогираме, на пример, кого не го сакаме итн.)
Она што најмногу навлегува во приватноста е DeepFace опцијата, која прави 3Д модел од нашето лице, а има пристап до повеќе од 250 милијарди слики на мрежата и наводно се „користи“ камерата дури и кога таа е неактивна и затоа некои експерти по безбедност не советуваат да ги прекриваме камерите кога не ги користиме.
Погледнете повеќе детали за ова во продолжение:
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа