Ховит и Вајгл во посета на Македонија

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен известувач за Македонија  Ричард Ховит денеска во ЕУ-инфо центарот во Скопје ќе одржи предавање.

Како што информираат од ЕУ-инфо центарот, на предавањето на британскиот европратеник ќе присуствуваат претставници на владини институции, на граѓанското општество, како и од амбасадите на ЕУ-членките, а по предавањето Ховит ќе одржи заедничка прес-комференција со Иво Вајгл кој е новиот известувач во Европарламентот за Македонија.

Ричард Ховит вчера се сретна со премиерот Никола Груевски, со кого, како што соопшти владината прес-служба, позитивно ја оцениле досегашната соработка, изразувајќи заложби за продолжување на комуникацијата на теми од заеднички интерес.

Ховит истакнал дека и во идниот период, како и досега, во рамките на своите ангажмани ќе продолжи да ја поддржува Македонија во процесот на достигнување на европските и евро-атлантски стандарди. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега