Поранешен селектор на Македонија ќе му асистира на Манчини во Интер?!
Поранешниот селектор на Македонија, кој сега ја предводи Словенија, Среќко Катанец би можел да му биде асистент на Роберто Манчини на клупата на Интер.
Оваа информација ја објавија италијанските медиуми, кој го спомнаа поранешниот македонски селектор како кандидат за помошник на Роберто Манчини. Секако, во игра се и други имиња, но останува да се види дали Катанец ќе се согласи да ја напушти селекторската позиција за да стане помошен тренер.
Инаку, Среќко Катанец и Роберто Манчини беа соиграчи во Сампдорија од 1989-та до 1994-та година, а во сезоната 1990/1991 година со овој тим ја освоија шампионската титула во Италија, а две години подоцна и италијанскиот куп.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа