Секоја чест: Кире Лазаров најдобар десен бек на планетата

 

Македонскиот капитен Кире Лазаров ја заокружува фантастичната година со титулата најдобар десен бек на планетата во изборот на порталот „Handball-Planet“.

Жирито беше составено од 24 ракометни новинари, а во изборот учествуваше и публиката.

Лазаров на својата позиција заврши прв пред Ласло Наѓ, Марко Вујин и Ренато Вугринец од Металург.

За најдобар ракометар на светот прогласен е соиграчот на Кире Лазаров од Барселона, Никола Карабатиќ.

Изборот на најдобрите:

Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Барселона/Исланд)

Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ/Данска)

Среден бек: Никола Карабатиќ (Барселона/Франција)

Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона/Македонија)

Десно крило: Лик Абало (ПСЖ/Франција)

Пивотмен: Хулен Агинагалде (Киелце/Шпанија)

Голман: Никлас Ландин (Рајн Некар Ловен/Данска)

Одбранбен играч: Тобиас Карлсон (Фленсбург/Шведска)

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега