ВИДЕО: Цел свет го виде слободното фрлање кое ги шокираше сите на паркетот!

 

Прво сите помислија дека само еден е луд и дека не ги знае правилата, но наскоро стана јасно дека и останатите девет играчи не ги знаат, што испадна ултра смешно, затоа што во моментот не знаеја што е судено, какви се правилата...

Ма општ хаос кој ја засмеа планетата.

Досудено е едно слободно фрлање за универзитетот Пен стејт, кој шутерот не го реализираше. Промашувањето го искористи неговиот соиграч, погодувајќи кош и по лесното положување, неговите соиграчи помисија дека е негова грешка што воопшто скокна по топката покрај толку кошаркари кои не се поместија.

И тој се смрзна, мислејќи дека следи и второ слободно фрлање, кога... судијата ги зема работите во свои раце и почека да се изведе топката од под кошот. Поенот е регуларен.

Оддеднаш сите играчи почнаа да трчаат на своите позиции, пет во одбрана, пет организирани во напад, доволно за смеење во салата.

НАПОМЕНА: Фаулите кои се направени за време на шутирањето, резултираат со две слободни фрлања единствено ако тимот има направено десет или повеќе прекршоци. Фаулот кој го направи играчот Пен Стејт, на линијата за слободни фрлања беше деветти за Вирџинија. Беше во второто полувреме, па домашниот играч мораше да го погоди првото слободно за да добие право да го шутира и другото. 

 

 

Оцени ја веста

04.12.2014 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега