Металург го пречекува Мешков во натпревар што мора да го добие
Македонскиот ракометен првак Металург го пречекува Мешков Брест во натпревар на кој ќе се обиде да стигне до втората победа во Лигата на шампионите со што би ги задржал шансите за осминафинале.
Тренерот на „металурзи“ Лино Червар ги повика навивачите да дадат што поголема поддршка на неговите ракометари.
- Ја користам оваа можност да ја повикам публиката да дојде во салата и да ни даде поддршка на овој натпревар, кој е од големо значење за нас. Бодрени од верната публика, ние ќе сториме се за да стигнеме до победата, повика Червар.
Натпреварот Металург - Брест Мешков се игра вечер од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова ќе биде натпревар од 8.коло од А групата во елитното натпреварување.
Вториот македонски претставник во ЛШ, тимот на Вардар два часа претходно (17 часот) гостува во Русија кај Чеховски Медведи до дуел од Ц групата.
Оцени ја веста
06.12.2014 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа