Червар: Моите ракометари се бореа како лавови

 
Металург и Мешков Брест синоќа одиграа 27:27 во 8.коло од Лигата на шампионите. Овој резултат го оддалечи нашиот шампион од осминафиналето, но изданието на домашните ракометари доби комплименти од тренерот Лино Червар.
 
Задоволен сум од моите играчи. Во најголемиот дел од натпреварот бркавме негатива и такво нешто треба да се издржи. Ја сакавме победата, моите ракометари се бореа како лавови и им честитам за тоа. Во еден дел од натпреварот одбраната не ни беше на потреното ниво, имавме грешки, но задоволен сум. Ѝ благодарам на публиката, горд сум на неа што дојде во вака голем број. И во оваа лоша ситуација момците најдоа мотиви и се бореа до крај, а натпреварот заврши како што заврши. Металург и понатаму ќе продолжи да се бори и се надевам дека ќе дојдат подобри денови за овој клуб, рече Червар на прес-конференцијата по натпреварот.
 
Левото крило на Металург Дејан Манасков жали за испуштената победа на неколку секунди пред крајот.
 
Одигравме еден дуел во кој имавме многу падови и подеми. На крајот успеавме да се вратиме во водство. Нивниот последен удар не успеавме да го задржиме и примивме гол во последните секунди. Би сакал да се заблагодарам на публиката, која и во овие тешки моменти ни даде огромна поддршка, истакна Манасков
 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега