Рио забележал голем напредок во подготовките за Олимписките игри 2016

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Сергеј Бубка рече дека Рио де Жанеиро забележал голем напредок во подготовките за Олимписките игри 2016.
- Комисијата за координација констатира видлив прогрес во подготовката за Олимпијадата, за време на последната посета на бразилскиот град, истакна Бубка.
Прославениот украински светски рекордер во скок со стап потенцира дека претседателката на Бразил Дилма Русеф на членовите на ИОК им го презентира, како што рече, очигледниот напредок во Олимпискиот парк.
Подготовките течат според предвиденото темпо и веруваме дека ќе бидат запазени сите рокови. Не се сомневам во тоа, додаде Бубка.
Оцени ја веста
07.12.2014 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа