Дали сте Фејсбук прељубник? Ако го правите ова тогаш сте
На сите понекогаш ни недостига таа возбуда на почетокот на врската, па се обидуваме да ја надоместиме со онлајн допишување со некој кој не ни е толку близок. Дали тоа се смета за неверство?
Не постои совршен брак или врска. Иако постојат многу стеротипи, факт е дека сите одвреме навреме влегуваат во секојдневната рутина, а тогаш многу лесно може да се случи возбуда да побарате на друго место.
На сите понекогаш ни недостига тоа возбудување на почетокот на врската. Дали допишување преку СМС или онлајн со некој кој ви прираснал на срце и чии пораки ви будат пеперутки во стомакот. Ова често се случува во врските, а поголемиот број од нив не го сметаат тоа за неверство.
Неодамнешното истражување покажало дека 46% од мажите за интензивното онлајн допишување сметаат дека тоа е неверство. Причината поради која тие не гледаат на тоа како неверство е затоа што тоа е многу раширено и едноставно
Неверството бара многу време, мислење, криење и слично. Според мислењето на многумина, токму во тоа е нејзината магија, додека допишувањето е многу полесни и не бара многу труд, па затоа не е вредно да се спомне.
Неверство е делење на какви било интимни детали со друга личност и ако поминувате повеќе време со некој онлајн отколку со партнерот во живо. Допишувањето може да создаде интензивна поврзанот ако е толку често.
Ако не сте сигурни, ова се знаците дека вашето ноншалантно онлајн муабетење е можеби елетронска афера:
Со таа личност споделувате работи кои обично не би ги споделиле со партнерот, вклучувајќи ги вашите стравови, цели и соништа.
Кога ќе ви се случи нешто возбудливо, тој/таа е вистинската личност на која сакате прво да и кажете.
Се средувате за таа личост, дури и ако се работи само за фотографија.
Разговарате за партнерот и незадоволството кое го чувствувате со него, често претерувајќи со негативните страни.
Се чувствувате емотивно поврзани и зависни и лошо ви е кога нема комуникација.
По будењето првото нешто што го правите е да проверите на телефонот дали ви пишала личноста или направила нешто ново на социјалните мрежи.
Извор: Вистина.мк
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа