Рекордна посетеност на Press24

Press24 вчера забележа рекордна посетеност оваа година. На крајот од вчерашниот бурен ден, мерењето на Google Analytics покажа дека за 24 часа вашиот веб сајт регистрирал над 184.000 посети, направени од над 116.000 уникатни корисници кои нашите страници ги прегледале над 380.000 пати. Ако се земе просечното време на една посета кое надминува три минути, математиката вели дека само вчера, нашите посетители на Press24 вкупно поминале една година и речи си два месеци.

Извештајто за вчерашата посета во детали можете да го погледнете тука

Во последните 30 дена, на страниците на Press24 поминале над 750.000 уникатни посетители кои направиле вкупно над 3,8 милиони посети и прегледале страниците речи си 8,5 милиони пати.

Извештајот за посетеноста во последните 30 дена можете да ги погледнете на овој линк

Press24 веќе неколку месеци е лидер меѓу македонските интернет портали според сите мерења. Gemius го рангира вашиот портал на првото место три месеци по ред, а според рангирањето на Alexa, Press24 е на петата позиција меѓу сите интернет адреси на кои им се пристапува од Македонија.

Редакцијата на Press24 е благодарна за Вашата доверба. Ветувам многу труд и работа, информациите секогаш да ви ги сервираме први, а тие да бидат во кратка и разбирлива форма.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега