Повеќе од 1000 барања во еден ден за откуп на дворовите по евро за метар квадратен

 

Граѓаните имаат голем интерес за откуп на дворните места. Рокот за поднесување на барањата истекува на 15 овој месец. Канцелариите на Управата за имотно правни работи ќе имаат продолжено работно време во наредните неколку работни денови, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарско прашање при денешната работна посета на општина Василево.

- Уште неколку дена останаа до завршување на рокот за доставување барање за откуп на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен. Интересот е голем. Имаме над илјада барања дневно, потенцираше Ставрески.

Тој апелираше до граѓаните да ги искористат овие последни неколку дена да го откупат своето дворно место по цена од едно евро за метар квадратен.

Управата за имотно правни работи ќе ги прима барањата од граѓаните секој ден до 19 часот.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега